Излезноста во Кавадарци 39,4 отсто, во Демир Капија 48,91, во Росоман 34 проценти

 

Од 32.706 кавадарчани со право на глас, до 13 часот избирачкото право го искористиле 39,4 проценти, информира претседателот на Општинска изборна комисија Зоран Костов. Во Кавадарци се гласа на 60 избирачки места.

Излезноста во Демир Капија е 48,91 отсто. Како што соопшти Стојна Топчиева, претседател на Општинска комисија, се гласа на 11 избирачки места, а вкупно може да гласаат 3.405 граѓани. 

Според претседателот на росоманската Општинска изборна комисија Лазар Симоновиќ, од евидентираните 3.410 избирачи, росоманци можат да избираат на десет изборни места. До тринаесет часот, излезноста е 34 проценти. 

 

 

 

29.10.2017 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа