Излезноста во Македонска Каменица поголема отколку во првиот круг

 

Во Македонска Каменица до 17 часот своето право на глас го оствариле 4.495 гласачи или 66,40 проценти од запишаните избирачи со право на глас. 

Претседателката на ОИК во М. Каменица, Сања Митревска, информира дека во споредба со првиот круг гласање излезноста е поголема за два отсто. Митревска истакнува дека гласањето се одвива без проблеми и без нарушувања на изборниот процес или пријавени неправилности на гласачките места.

Во М. Каменица со право на глас се 6.754 гласачи кои гласаат на 17 избирачки места. Во текот на вчерашниот ден правото на глас го остварија 50 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници. 

 

 

 

29.10.2017 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа