Израелски бизнисмени во посета на Охрид

 

Група бизнисмени и претставниници на неколку компании од Израел денеска остварија средба со градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

Средбата е иницирана со цел зајакнување и продлабочување на бизнис релациите помеѓу двете земји, Македонија и Израел и запознавање со бизнис можностите што ги нуди Охрид.

Претставници од Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид пред гостите ги презентираа туристичките потенцијали на Охрид, како и можностите за остварување економска соработка во други стопански сегменти.

Гостите на состанокот се информираа и за поволностите што на национално ниво им стојат на располагање во рамки на проектот за започнување на бизнис во Република Македонија.

Со цел да воспостават конкретни бизнис-релации во рамки на посетата за израелските гости ќе бидат организирани средби со преставници на бизнис-заедницата од Охрид. 

 

 

 

14.03.2018 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа