Ким му испрати писмо на Путин

 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин, во кое вели дека сака да ги одржи контактите на високо ниво со Русија.

Ова денеска го објави советникот за надворешна политика на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека сеуште не е постигнат договор за евентуалната посета на севернокорејскиот лидер во Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, месецов рече дека Русија го поканила лидерот на Северна Кореја да ја посети Русија и дека тоа би можело да се случи за време на економскиот форум во Владивосток во септември, пренесе Тасс.

 

 

 

 

19.06.2018 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа