Макрон: Европската унија не треба да прима нови членки

 

Европската унија не треба да прима нови членки додека интеграцијата не се продлабочи и не бидат спроведени реформи, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Во говор во Евеопскиот парламент, Макрон нагласи дека „сака да бидат примени државите од Западен Балкан во европскиот проект, но дека времето за нивното членство се уште не е дојдено“.

- Ќе поддржам проширување само кога прво ќе има продлабочување на интеграцијата и реформи во нашата Европа, потенцира Макрон.

Тој додаде дека не сака Балканот да се сврти кон Русија или Турција, „но не сака ниту Европа која во услови на тешко функционирање со 28, а утре со 27 членки, да биде со 30 или 32 држави со истите правила“.

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе имаат самит на 17 мај во Софија за да се разгледа иднината на регионот. 

 

 

 

17.04.2018 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа