Мерна станица за квалитетот на воздухот во Бутел

 

 

Нова мобилна мерна станица за квалитет на воздухот на територијата на општина Бутел ќе биде пуштена во употреба денеска во рамки на проектот „ЕУ за ТЕБЕ!".

Мерната станица е дел од националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот.

На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на оптшина Бутел Велимир Смилевски.

 

 

 

13.03.2018 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа