Мичел: САД со поддршка Македонија и Грција да најдат решение

САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат решение за спорот со името и многу е важно двете држави да продолжат со преговорите.

Ова денеска го изјави американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел кој е во посета на Македонија, на прес-конференција со Заев.

- „Пораката е дека САД ги поддржува Македонија и Грција да најдат заедничко прифатливо решение. Мислам дека Македонија презеде големи и значителни чекори и задоволни сме од напредокот што е постигнат“, рече Мичел, додавајќи дека САД е поддржувач и пријател на Македонија.

На новинарско прашање дали САД директно ќе се вмешаат во преговорите, Мичел рече дека САД се поддржувачи на процесот, но дека двете држави треба да го решат самите.

 

 

 

13.03.2018 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа