Нејмар сака да се врати во Барселона

 

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар признал дека направил грешка кога пред малку повеќе од половина година одлучил да ја напушти Барселона и да се пресели во Париз.

Според „Мундо Депортиво“, Бразилецот разговарал со своите пријатели на „Камп Ноу“, како и со луѓе од раководството на каталонците, и изразил желба да се врати.

Нејмар признал дека бил заслепен од финансиската понуда на ПСЖ, а освен тоа, погрешил со проценката дека треба да ја напушти Барселона.

Според шпанското издание, разговори биле водени пред натпреварите со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и пред повредата на Нејмар.

Враќањето на Бразилецот не е на дневен ред во Барселона. Нејмар се уште се суди со клубот за неисплатени бонуси во висина од околу 30 милиони евра.

Друг спортски весник во Шпанија – „АС“, пак, тврди дека сопствениците на Пари Сен Жермен поставиле цена од 400 милиони евра на Нејмар.

Изданието додава дека уште пред неколку недели луѓе блиски до „кралскиот“ клуб разговарале со таткото на Нејмар за да разберат дали Бразилецот е подготвен да премине на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

 

 

 

09.03.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа