Невиден гаф на американската телевизија: Водителката го нарече состнокот на Ким и Трпам, средба на диктатори (видео)

 

Водителката на емисијата „Фокс и пријателите“, Aби Хантсмен, по грешка го најави состанокот на Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, како средба на двајца диктатори.

Нејзиниот колега, Ентони Скарамучи, не ја забележа грешката и продолжи да зборува за самитот, пренесе АП. 

Барајќи од Скарамучи да го оцени историскиот состанок, Хантсман вели „без оглед на тоа што ќе се случи на таа средба меѓу двајцата диктатори, она што го гледаме токму сега, ова е историја“, нејзините критичари веруваат дека станува збор за „фројдовски лапсус“.

Кога ја увидела својата грешка, Хантсмен им се извинила на гледачите на програмата, но нејзиниот гаф заживеа на „Твитер“.

Американскиот претседател и лидерот на Северна Кореја вчера пристигнаа во Сингапур, а долгонајавуваниот состанок треба да се одржи утре.

 

 

 

 

11.06.2018 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа