Ние во војска не простуваме грешки, а тебе немаме што да ти простиме – колегите се простија од Бојана

 

Војната болничарка 24- годишната Бојана Милановиќ која во петтиот месец од бременоста се уби со ловечката пушка на својот свршеник Јовица Маринковиќ, вчера е погребана на гробиштата во Сремска Митровица.

Пред да го спуштат ковчегот, говор одржал колега на Бојана, кој рекол дека таа не била толку долго во војската колку што оставила голема трага.

-Бојана се што правеше, знам дека правеше од љубов кон униформата. Немој да ја паметиме по лошо, тој кој памети по тоа, знајте дека греши. Ние во војската слабо простуваме грешки, а на Бојана немаме што да и простиме – рекол колегата на Бојана.

Кога пак ковчегот бил спуштен, свршеникот на Бојана, Јовица само тивко изустил: Не ти требаше ова душо!

 

 

 

26.04.2018 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега