Обликот на вашиот нос открива многу за вас и вашиот карактер

 

Иако звучи помалку чудно, потврдено е дека формата на вашиот нос открива повеќе работи за вас, осносно за вашите карактерни особини.

Познатиот професор Абрахам Тамир од Универзитетот Бен-Гурион во Израел ги потврдил овие резултати добиени во неговата студија која подоцна била објавена и во списанието „Journal of Craniofacial Surgery”.

Според неговиот резултат, ова се 8 различни облици на носови и нивните посебни карактеристики.

1. Нубијски нос

Нубијскиот облик на нос се одликува најмногу со својата должина. „Мостот“ е скоро рамен, а широката точка на носот е насочена надолу. Личностите со овој облик на нос се многу љубопитни. Тие се оптимистични, симпатични и секогаш бараат решение за секој проблем.

2. Грчки нос

Неговото име доаѓа од античките грчки скулптури. Поголемиот дел од нив го добиле тој нос од страна на уметниците. Овој облик се одликува со тесна должина и рамен облик. Сопствениците на овој вид нос се резервирани и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тие се доста практични и лојални. За нив е тешко да разговараат за сопствените чувства и се сметаат за повлечени.

3. Кукаст нос

Многумина го споредуваат овој облик на нос со птичји клун. Личностите со овој вид нос се креативни и пожртвувани. Тие гласно ги бранат своите верувања и не се плашат да ризикуваат за да ги остварат своите цели.

4. Извиткан нос

Сличен е како претходниот облик, но овој нос е превиткан од носната коска до врвот. Луѓето со ваков нос се сметаат за одлучни. Тие се тесно поврзани со својата работа и добри се во организацијата.

5. Копчест нос

Доста краток и изгледа нежно. Ова е најпопуларниот облик, бидејќи не е толку воочлив. Според професорот Тамир, луѓето кои имаат ваков нос многу често се спонтани во своите одлуки кои често ги иритираат другите луѓе. Тие имаат цврста волја и со задоволство доаѓаат на работа.

6. Рамен нос

Овој облик на нос е најчест во Азија. Малку е порамен од останатите облици. Неговите носници се широки. Личностите со рамен нос имаат силен карактер. Тие се многу темпераментни и страсни. Доколку си играте со нивното трпение може да станат доста лути.

7. Конкавен нос

Има мал лак на носната коска. Тоа не е особено впечатливо, бидејќи целиот облик изгледа нежно. Луѓето чиј нос го имаат овој облик честопати се великодушни и секогаш се подготвени да им помогнат на другите кои имаат проблеми. Поради таа своја страна, овие личности може лесно да ги повредите.

8. Накривен нос

Дури и ако самиот назив не е особено ласкав, овој облик на нос означува нежен карактер. Мостот на носот се истакнува, додека врвот е доста заоблен. Личностите со ваков нос се добри слушатели, што ги прави совршени пријатели или партнери.

 

 

 

24.05.2018 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа