ОФИЦИЈАЛНО: Јанушев нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ - познати имињата на новите 3 потпретсесатели

 

Игор Јанушев ќе биде новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ одлучи денеска Централниот комитет на партијата.

Екс директорот на ЈСП доаѓа на местото на Мицкоски кој стана претседател на партијата. Јанушев му беше подсекретар на Мицкоски додека тој ја вршеше функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Избрани се и тројца потпретседатели. Александар Николовски, Митко Јанчев и Владо Мисајловски ги добија овие позиции.

 

 

 

12.01.2018 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа