Охридското Езеро полно со вода - ЕЛЕМ прави за да да ја потроши

 

Според хидролошката информација издадена од управата за Хидро-метеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро денеска изнесува 693.64 мнв(метри надморска височина), односно е на 11cm под максималната кота од 693.75 мнв.

Со водостопанска дозвола издадена од МЗЖСПП за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското езеро, пропишано е дека АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија може да ја користи водата помеѓу минималната и максималната кота на Охридското Езеро, од 693.10 до 693.75 мнв, освен во исклучителни случаи при појава на големи води, кога максималната кота може да биде  694мнв.

#Со оглед на тоа што 2018г. е година на големи води, АД ЕЛЕМ вложува максимални напори со зголемување на производство на електрична енергија да го забави растот на котата. Планот за максимално производство се реализира од пред два месеца, а ќе продолжи и во периодот од следните неколку месеци, додека котата не се стабилизира под номиналната максимална вредност од 693.75. - велат од ЕЛЕМ

 

 

 

08.03.2018 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа