Павлевски: Му го спасив животот на Села а ме осудија на 3 години затвор

 

Стојан Павлевски, кој пред малку беше осуден на три години затвор за насилството што се случи на 27 април во Собранието беше затекнат опд високата пресуда, која му ја изрече судот, истакнувајќи дека очекувал многу помала казна, објави Фокус.

„Шокиран сум од високата пресуда бидејќи очекував многу помала казна. Јас му го спасив животот на Села, а тие ме осудија на три години затвор – изјавил видно вознемирениот Павлевски.

Покрај него, денеска на казна затвор од една година и два месеци беше осуден и Цео Георгиевски, исто така обвинет за насилство врз Села.

На двајцата осудени во казната им се засметува и времето кое го поминале во притвор, а исто така имаат и право на жалба пред Апелациониот суд

 

 

 

13.06.2018 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега