Повторно изби пожар во кумановската полиција: Вработените велат дека еден ден може да изгори целата зграда

 

Застарена електрична инсталација најверојатно е причината за пожарот што избувна вчераутро, околу 7 часот, во една од просториите на Службата за внатрешни работи во Куманово. Со присебност на вработените и со помош на противпожарната единица пожарот бил изгаснат во 7.45 часот и не се проширил на другите канцеларии во објектот, пренесува Република.

Според информации од СВР Куманово, материјалната штета допрва ќе се утврдува, но огнот ги оштетил компјутерите, а изгорел и дел од документацијата. 

Вработените велат дека пожарите се појавуваат поради преоптовареност на старата електрична мрежа поради тоа што во објектите нема централно греење, туку сите се греат на термопечки. Се плашат дека еден ден може да изгори и целата зграда.

 

 

 

21.02.2018 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа