Примопредавање на должноста командант на полкот за Специјални операции при АРМ

 

Командантот на пСО, бригадниот генерал Орце Јордев со Указ на претседателот на РМ Ѓорге Иванов е поставен за началник на штаб во Здружената оперативна команда. Денеска во касарната Илинден со воена свеченост должноста командант на пСО, од Јордев ќе ја прими бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев.

На свеченоста, како што соопштија од АРМ, ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, претставници од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, команданти на единици на АРМ и други гости.

Во периодот до 23 мај согласно Указите на  претседателот на Република Македонија ќе се реализираат и примопредавање на должности во ГШ на АРМ на местата заменик на НГШ на АРМ и директор на ГШ на АРМ, како и во Здружената оперативна команда на место командант на ЗОК и началник на штаб. 

 

 

 

17.05.2018 - 08:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега