Путин дрско кон новинар: „Прво себеси разјасни си некои работи, па после може да разговараме“

 

На прашање за шпиунот Скрипаљ, претседателот на Русија, Владимир Путин остро одговорил на еден од новинарите.

Рускиот претседател ги отфрлил прашањата за одговорноста на Русија за труење на поранешниот агент Сергеј Скрипаљ и на новинарите кои поставувале такви прашања остро им возвраќал поубаво да ја истражат ситуацијата.

Бртианските медиуми пренеле извештаи според кои Велика Британија планира да каже дека Москва би можела да биде одговорна за овој инцидент.

Во британскиот Солсбериј на 5. мат маж и жена се отруени со „нпозната материја, по што се хоспитализирани и се наоѓаат во критична состојба. Подоцна е утврдено дека станува збор за поранешниот полковник за Главни известувања на управата на Русија, Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка.

Московскиот воен суд во 2016 година го осуду Скрипаљ на 13 години затвор, бидејќи во средината на 90-те години од минатиот век пренесувал тајни на британската известувачка служба.

Тој е ослободен при размена на шпиуни со САД, по што се засолнил во Британија.

 

 

 

13.03.2018 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа