Се најавува силно невреме со грмежи: Исклучуваме се од струја, но што да правиме со мобилниот

 

За деновиве се најавува нов циклон и невреме со поинтензивни процеси низ Македонија, па затоа ви советуваме што да правите со уредите дома и кои задолжително треба да се исклучат.

Она што е познато е задолжително да ги исклучиме од струја електронските уреди како што се радиото, телевизорот, компјутерите, како и апаратите за домаќинство. Меѓутоа,што треба да се направи со мобилниот телефон?

Стручњаците се поделени околу тоа дали мобилните телефони привлекуваат молњи (громови), но сепак предупредуваат дека кога има невреме треба да се исклучат.

– Голем ризик е до себе да се држи вклучен мобилен телефон, бидејќитој е извор на електромагнетни бранови кои создаваат пат за атмосферскиот електрицитет. Кога грми опасен е секој спроводник во кој се наоѓа метал. Дури поставените изолации се често безпомошни, бидејќи громовите ги премостуваат – вели за српски „Блиц“, Млаѓан Ќуриќ, професор од српскиот Институт за метеорологија.

Други стручњаци ,сметаат дека не е опасен самиот мобилен телефон, чие зрачење е зголемено единствено при неговото вклучување или гасење, и дека поопасно е местото на кое човекот се наоѓа. Тој директно е изложен на опасност ако стои на отворено и ако ја претставува највисоката и најистакнатата точка во околината.

 

 

 

20.07.2018 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа