Скандал на популарната плажа: Жена се давела а спасувачите уживале во кафуле

 

На популарната плажа Николина во Башка вода минатата сабота се удавила 62-годишна туристика од Словачка, а сведоците тврдат дека на плажата немало спасувачи и тврдат дека ги виделе во кафуле на плажата, но прилично одалечено од местото на несреќата.

„Жената пловеше 10 метри подалеку од спасувачката кула. На неа немаше никој, Германски турист забележа што се случува, па побара спасувач, но не го пронајде, Исплива до неа, ја извади од морето и се обиде да ја реанимира. Спасувачите беа во кафуле“, тврди очевидец за „Слободна Далмација“.

Работното време на спасувачите е од 10 часот, а дојавата за давење на жена е примена во 11. Две спасувачки кули покриваат плажа во должина од околу 750 метри. Прашањето е дали спасувачите допрва доаѓале, биле во обиколка или на кулата.

 

 

 

19.07.2018 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа