Славица ми ги пцуеше таткото, мајката и братот и тогаш ја убив - сведочеше српскиот монструм

 

Не се чувствувам виновен. Не ја прифаќам вината што ми се става на товар. Тој ден бев во град кога ми се јави Славица. Беше бесна, се дереше да си дојдам дома. Кога дојдов, ја видов како седи во фотељата и држи нож во рака и плаче. А потоа го видов мртвото бебе. Славица почна да ги пцуе мојот брат, мајка ми и татко ми. И тогаш јас неа ја убив, рече по 9 месеци од судењето Арпад Сабо (29) кој во август 2016 година со нож ја искасапи својата четиримесечна ќерка Николина и сопругата Славица.

По првпат ладнокрвно ја изнесе својата одбрана, но без право на прашања од било кого.

Ова злосторство е одбележано како најстраотно во 2016 година, не само во Ветерник каде и се случи, туку и во цела Србија. Монструмот ги искасапи својата жена и дете, по што ладнокрвно се избањал, пресоблекол и се вдал во бегство.

На првото рочиште на 19 јуни минатата година рече: „Не сакам да ја изнесам својата одбрана. Ќе се бранам со молчење во оваа фаза од постапката“.

За денеска беа планирани завршните зборови, за бранителот на монстумот кој во полиција и во обвнителството призна дека ги искасапи своето дете и жена, да рече дека неговиот клиент сака да ја изнесе одбраната но без да му се поставуваат прашања. Кога го изнесе тоа што го рече, таткото на убиената внука и ќерка Душко Ѓуриѓиќ реагираше: “Како не ти е срам...“, по што судијата Тамара Радовиќ го прекина и го опомена, додека мајката Љиљана лелекаше и лиеше солзи кога слушна што зборува Арпад.

„Предлагам на мојот клиент повторно да му се направи неуро-психолошко вештачење“, рече адвокатото на Арпад, што беше прифатено од судиката Радовиќ.

Пред со нож да и го пресече гркланот на четиримесечната ќерка, крвникот Арпад со силен стисок на раката на детето му ги скршил двете темени коски на главата, е наод на вештакот кој е соопштен на судењето.

„Темениот дел на главата, попречно долж скршенциите на темената коска има крвав подлив. Двете темени коски се скршени, скршеницата е линеста, се протега попречно преку темето и ги зафаќа двете темени коски. Тоа значи дека обвинетиот ќеркичката од четири месеци прво ја стиснал за темето на главата, а потоа со нож и го пресекол гркланот, стои во наодот на судсктие вештаци.

Во обвинението се наведува дека Арпад свесно ја убил сопругата и детето. Тој ден, ноќта меѓу 15 и 15 авгист 2016 година, прво ја убил Славица, така што најпрво во бањата од станот ја удирал по главата и телото. Потоа го зел кујнскиот нож со должина на сечивото од околу 20 см, и на Славица и задал три убодни рани на вратот, но не запрел тука туку продолжил да и го касапи гркланот, ѕидот на ждрелото и крвните садови.

 

 

 

12.03.2018 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа