Снег низ Македонија - каде навеа најмногу

 

Времето денеска ќе биде значително облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег претежно во планинските делови на запад и на исток, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Во некои места во Македонија има наврнато снег, а висината на снежната покривка изнесува 5 сантиметри во Маврово, 3 во Берово и 2 сантиметри во Крушево.

Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 7 степени Целзиусови.

 

 

 

 

14.01.2018 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа