Средба на Заев со претставници од Македонската федерација на традиционално карате

 

Премиерот Зоран Заев придружуван од директорот на Агенцијата за спорт и млади Дарко Каевски вечерва оствари средба со делегација од Македонската федерација на традиционално карате (МФТК), предводена од нејзиниот претседател Дејан Недев.

Владината прес-служба соопшти дека на средбата каратистите го информирале премиерот за последниот голем успех на светското првенство во традиционално карате, одржано во Италија од 1 до 3 декември, каде македонските каратисти освоија вкупно 14 медали, од кои девет златни.

Заев карате 2

Заев го поздравил нивниот успех и искажал подготвеност во иднина владата да ги поддржи понатамошните активности на федерацијата со цел уште поголеми успеси на меѓународна сцена.

- Имаме амбициозни проекти за новини во спортот. Ќе ни треба вашата соработка за да го почувствуваат спортистите вистинскиот бенефит од нашите заеднички идеи, истакнал премиерот Заев.

Претставниците на МФТК му врачија почесна диплома и кимоно на премиерот Заев, во знак на благодарност за неговите заложби за промоција и напредок на спортот во Република Македонија. 

 

 

 

25.12.2017 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа