Стојанче Ангелов: Додека се бориме за името, остануваме без граѓаните кои емигрираат

 

 Го одбранивме македонското име, а го изгубивме македонскиот народ кој емигрира масовно. Но, ако влеземе во ЕУ ќе се разбијат границите меѓу Македонците во Македонија, рече генералот Стојанче Ангелов.

„Како партија „Достоинство“ баравме преговорите да прекинат, но македонските граѓани ги избраа преговорите. СДСМ во својата изборна програма најави дека ќе го реши спорот со името. ВМРО ДПМНЕ исто така преговараат. Значи, повеќето граѓани, им даваат доверба на оние кои преговараат. Ја почитувам волјата на граѓаните“, речр Ангелов, во емисијата на „Само Вистина“.

Неговиот соговорник бил политичкиот аналитичар Александар Пандов, според кој било кое име кое се разликува од РМ подразбира промена на идентитетот.

„Верувам дека наскоро ќе има решение. Грција сега не може да излезе од од преговори бидејќи нашата влада ги исполни сите точки од листата на Никос Коѕијас. Тие се под силен меѓународен притисок. А ако тоа не е Илинденска Македонија, решението ќе биде друго име. Нашата влада веќе прифати ерга омнес и промена на Уставот, името е лесно да се договори“, рекол Пандев.

 

 

 

23.05.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа