Тешка кражба во кругот на „Железара“ во Скопје

 
Вчера во 14 часот и 30 минути, 64- годишниот Д.Д од Скопје пријавил дека во периодот од 18 до 20.02.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во фирма во стечај во кругот на Железара во Скопје.
 
Од МВР велат Сторителот со употреба на сила и погоден алат влегол во плацот и одзел поголема количина на железо (цевки, профили, шестоаголни железа и железни рафтови), по што го напуштил местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

21.02.2018 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа