Тешка сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово: Четири лица повредени, меѓу кои и две деца

 

Вчера околу полноќ на автопатот Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку лица.

Имено 45- годишниот А.Е од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „Рено“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, се вели во соопштението.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 71- годишната Л.Џ, која е префрлена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за понатамошно лекување, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците М.Е (42)  и две деца на возраст од 13 и 15 години. 

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

18.02.2018 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа