Тешка сообраќајка во Германија: Камионот на македонски камионџија се превртел и запалил

 

Четириесетгодишен возач од Македонија добил сериозни повреди и завршил во болница во германскиот град Нордхаузен по тешка сообраќајна несреќа со својот камион вчера попладне на автопатот А38 меѓу Херинген и Берга во правец кон Лајпциг, пишува порталот Република.

Камионот со кочански регистарски таблички, натоварен со буриња со течен лепак, излетал од коловозот, се првртел настрана и се запалил, а лепакот се разлеал по коловозот. Огнот ја зафатил и сувата трева покрај автопатот, а во неговото гасење заедно со запалениот камион учествувале противпожарни возила и два хеликоптера. Облакот од чад бил видлив километри подалеку од местото на несреќата.

Проценките на властите се дека за санирање на автопатската делница ќе бидат потребни неколку дена, а штетата е голема и дополнително ќе се утврдува.

 

 

 

19.07.2018 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа