Утре жолта фаза: Циклонот Димитар доаѓа кон Македонија и носи пола метар снег

 

Од утре циклонот Димитар доаѓа кон Македонија, најавува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоМакс.
Според информациите од таму, овој циклон уште од утре ќе донесе интензивни врнежи на пониските места и снег на планините.
Метео порталот најавува дека од среда кон четврток ќе има и спуштање на снежната граница која, што значи дека во одредени градови на првиот ден од пролетта ќе се разбудиме со снег. Порталот најавува дека во некои градови ќе се формира и снежна покривка.
На планините се очекуваат и до 50 сантиметри нов снег.

 

 

 

20.03.2018 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа