Вајгл: Со процесот „Жан Моне“ до согласност, решенијата ќе ги носи Собранието

 

Во работна атмосфера со помош на експерти ангажирани за оваа конференција, може да се дојде со согласност по некои прашања, но решенијата ќе ги донесе Собранието на Република Македонија порача вечерва европратеникот Иво Вајгл пред почетокот на работната вечера која се одржува во рамки на процесот „Жан Моне“ инициран од европратениците Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.

Средбата се одржува со парламентарците од Собранието на РМ, со цел во отворена атмосфера да се разговара без присуство на јавноста, за сите проблеми за кои можеби не е постигнат консензус.

-  Сметам дека во работна атмосфера со помош на експерти ангажирани за оваа конференција, може да се дојде со согласност по некои прашања за кои нема да решаваме ние, нема да се решава ниту тука ниту во центарот „Жан Моне“ во Париз, туку во Собранието на РМ. Се разбира ќе стане збор за иднината на Македонија, токму затоа сме тука, се ангажиравме во Пржинскиот договор, и оттаму со големо задоволство можеме да каќеме дека земјата има направено ззначаен чекор напред со добивањето гаранција за безусловно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Се разбира за тоа ќе решава Европскиот совет и можам само да кажам дека сум оптимист во тоа, изјави Вајгл. 

 

 

 

17.05.2018 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа