Видео: 9 години затвор за Поповски за „Триста“ - до правосилност ќе биде во притвор

 

Поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, пресудата ја слушна во судница. Освен затворската казна, судот бара од обвинетиот да ја надомести и шетата од 450 илјади евра. По барање на специјалното обвинителство, Поповски од судница замина во притвор. Според обвинителката Фетаи, заради висината на казната и барањето за надомест на штета, постоела опасност од бегство на обвинетиот по примерот на Грујевски и Бошковски, јавува Сител.

Одбраната е незадоволна од виската казна. Најавуваат жалба за притворот и пресудата.

Во случајот „Триста“, поранешниот помошник министер во МВР беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овбластувања при набавката на нови возила за полицијата. Според судот, како одговорно лице тој требало да се грижи за буџетот на МВР и домаќински да раководи со јавните набавки. Спротивно на ова, според денешната пресуда тој дозволил набавка на возила од пет авто куќи иако нивните понуди не биле економски најповолни и со тоа го оштетил државниот буџет.

Инаку за екс помошникот министер се води постапка и за набавката на блинцдираниот мерцедес. Пресудата за овој предмет судот ќе ја објави утре.. Поповски не сака да ја слушне, побарал од неговиот адвокат утре да не биде стражарно донесен од притвор.

 

 

 

22.05.2018 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа