Во 13 часот закажана средба Мицкоски – Иванов во вилата „Водно“

 

Во 13 часот ќе се одржи средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и шефот на државата, Ѓорге Иванов, дознава КУРИР.

Средбата доаѓа откако Мицкоски претходно на прес-конференција побара средба со претседателот на државата откако премиерот Зоран Заев вчера се согласи за промена на уставното име Република Македонија во Северна Република Македонија.

Мицкоски денеска повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име и ќе се спротивстави со сите демократски и правни средства против овој капитулантски договор.

Според него, работата во моментот е пресериозна и сите политички субјекти имаат обврска кон Република Македонија и граѓаните.

-Затоа побарав итна средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов кој предводи една од институциите која е дел од државноста и интегритетот на државата и каде што ќе разговарам за ова суштинско прашање. Воедно, ја користам оваа прилика да побарам и средба со премиерот Зоран Заев на кој очекувам да ми биде доставен пишаниот документ, односно, она за што се согласил со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, рече Мицкоски.

 

 

 

13.06.2018 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега