За храброста на овој Србин зборува цел свет: Спаси мајка и дете а сега доби понуда за работа во Шветската полиција

 

Његош Тушевљак кој има 32 години, без никакво размислување скокнал во реката и спасил мајка и бебе кои се давеле, а сега со задоволство ја прифатли работата како полицаец која му ја понуди Шветската полиција, која ја препозна неговата храброзт.

„Бев единствен што реагирав, крај брегот стоеа околу 200 луѓе е никој не ни помисли да влезе во водата и да ги спаси,Јас не ни размислив и веднаш скокнав во реката, едноставно размислував дека мора да ги спасам, а останатите снимаа со телефон. Мене тоа не ми е јасно“ рекол Његош.

Тој ја прифатил работата која му ја понудила Шветската полиција, а сега ги чека документите потребни за пријава.

Вели дека се слушнал и со мајката и рекла дека бебето е добро, а државата ќе им обезбеди сместување.

„Мајката само повторуваше каде ми е бебето, важно е сега дека се добро и се опоравуваат и се надевам дека се ќе биде во ред. Фала му на Бог што се најдов на тоа место и ги спасив“ рекол тој.

Потсетуваме дека мајката сакала да изврши самоубиство скокајчи од мост во шверскиот град Брос, заедно со своето шест месечно бебе.

Тој веднаш излегол од автомобилот и скокнал во водата, најпрвин го спасил бебето и го изнел од водата а потоа се вратил и по мајката.

 

 

 

11.06.2018 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа