Заев по средбата со Ципрас: Веруваме дека можеме да најдеме решение

 

Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството. Со премиерот Ципрас веруваме дека можеме да најдеме решение кое го штити достоинството на граѓаните во двете држави, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев, по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на маргините за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

Ова е втора тат-а-тет средба меѓу двајцата премиери, по обновувањето на преговорите за решавање на спорот за името, а на неа се очекуваше двајцата премиери да се обидат да ги приближат ставовите за спорните прашања.

Според грчките медиуми, Ципрас ќе има прес-конференција околу три часот по локално време.

 

 

 

17.05.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега